Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабрика за авионски делови ќе се гради во Србија

Фабрика за авионски делови ќе се гради во Србија
Српскиот заменик-премиер, Александар Вучиќ, вчера со шеик Халдун Калиф ел Мубарак, генералниот директор на фирмата „Мубадале“ од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), потпиша неколку меморандуми за разбирање - Ако соработката со ОАЕ до крај ги реализира плановите за изградба на фабрика за чипови и за делови за авиони, Србија ќе стане мало балканско чудо - посочи Вучиќ. Ел Мубарак наведе дека со Србија со потпишувањето на четирите меморандуми направен е чекор за инвестирање во Србија и најави дека ќе се потпишат уште неколку договори. - Се зависи од ангажманот, посветеноста и знаењето на луѓето во Србија. За две години може да стане реалност авионите кои летаат по цел свет да имаат делови произведени во Србија - посочи Вучиќ.  
Слично

Поврзани вести