Евтино, а добро: Албанските плажи меѓу најдобрите во светот
„Здосадено ви е од Хвар и останатите острови. Пробајте во Албанија. Со крабјрежје од 380 милји должина, убави села покрај морето, урнатини од римскиот период, плажите на Јадранот се познати како идна Хрватска меѓу љубителите (авантуристите) во потрага по плажи“ , пишува весникот Гардијан во статијата за 20-те најпримамливи плажи кои треба да се посетат оваа година.
Според весникот, Албанија е новата Хрватска, цените се достапни, а ја вбројуваат во најдобрите туристички дестинации за 2013 година.Освен Албанија, меѓу најпривлечните, убави, но евтини плажи за одмор ова лето, на врвот на листата се најдоа и островот Санта Марија на Азурите, островите Канариа и Марина ди Венеција во Италија, Сицилија и Пуља на југот на Италија, плажата Амалфит во Неапол.
Од дестинациите, традиционално достапни и за нас, на листата на Гардијан се најдоа и плажите на Крф во Грција, Анталија во Турција и Истра во Хрватска.
Слично
