Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ГО НАЛУТИЈА КОСОВО: Што доби Виз-Ер од македонската Влада?

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ГО НАЛУТИЈА КОСОВО: Што доби Виз-Ер од македонската Влада?
Нов спор помеѓу Косово и Македонија, а овојпат проблемот го решава Брисел. Косовската влада пред Европската комисија поднесе жалба во која ја обвинува македонската влада дека ја нарушувала конкуренцијата во авиосообраќајот делејќи државни субвенции за авиобилети и директни дестинации. Косовските медиуми јавуваат дека, тамошните власти наскоро очекуваат позтивен одговор од Брисел. Сепак , од ресорното министерство за транспорт и врски во Македонија велат дека целата постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници била внимателно анализирана пред да биде спроведена и дополнуваат дека истата е во согласност со европското законодавство. „Министерството за транспорт и врски, на барање на Министерството за инфраструкура на Косово уште во 2012 година испрати допис во кој се образложени меѓународните правни норми врз основа на кој се спроведува проектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници, од каде е јасно дека не е прекршено европското законодавство“, велат од министерството за транспорт и врски во Македонија. Дополнително, оттаму потенцираат дека и во наредниот период ќе продолжат со имплементирање на проектот за финансиска поддршка на авиокомпании со цел зголемување на бројот на директни летови до европските дестинации и овозможување на попристапни цени за патниците во Македонија. Од ресорното министерство за транспорт и врски во Македонија потенцираат дека Уредбата за доделување на финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување на финансиска поддршка се во согласност со насоките на „Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници кои оперираат од регионалните аеродроми“. Европските правила на кои се повикуваат од министерството за транспорт и врски се наведени на следниот линк, каде се посочени и можностите за давање на државна помош во авиосообраќајот. Државни субвенции за Виз Ер од 3,7 милиони евра, 12 нови дестинации и поевтини билети Вкупно 3,7 милиони евра владата во Македонија и исплатила на унгарската нискобуџетна авиокомпанија како субвенции за авиопревозот. Дел парите се државни субвенции за секоја дестинација, а дел се субвенции за превезен патник кој заминал од аеродромот „Александар Велики“ – Скопје. Договорот за субвенционирање помеѓу владата и унгарската авиокомпанија е во траење од три години.  Државни субвенции за WizzAir Hungary по години :
  • ·25.651.713,50 денари - 2012 година
  • ·75.431.103,00 денари  - 2013 година
  • ·127.573.147,00 денари -2014 година
Од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека на 20 јуни 2012 година, склучиле  Договор за финансиска поддршка со WizzAir Hungary Ltd. во траење од 3 години. „Согласно тој договор, Министерството за транспорт и врски еднократно исплати сума во износ од 40.000 евра, за секоја од следните дестинации: Малме (Шведска), Базел Милхаусен (Франција), Милано Бергамо (Италија),  Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Меминген, Минхен (Германија). Потоа, уште по 30.000 евра се исплатени за секоја од следните шест дестинации: Стокхолм (Шведска), Гетеборг (Шведска),Париз (Франција), Брисел (Белгија),Франкфурт (Германија) и Келн (Германија)“, појаснуваат од министерство за транспорт и врски. Дополнителни пари како државни субвенции се исплаќаат и за секој патник кој заминал од некој од аеродромите во земјава. „ Се субвенционираат 9 евра по патник во заминување во првата година од денот на склучување на Договорот,  8 евра по патник во заминување во втората година од денот на склучување на Договорот и 7 евра по патник во заминување во третата година од денот на склучување на Договорот, велат од ресорното министерство за транспорт. Со WizzAir Hungary годинава се превзени 45,5 % од патниците на „Александар Велики“- Скопје Според официјалните податоци, уделот на WizzAir Hungary во пазарот на превезени патници за периодот јануари - октомври 2014 година на аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје е 45,5% од вкупниот број на превезени патници. Од ресорното министерство за транспорт посочуват дека ефектите од државни субвенциии се видливи на терен со тоа што WizzAir Hungary има воведено 12 нови дестинации и како што посочуват продолжува да ги опслужува дестинациите Лондон - Лутон и Венеција - Трeвизо. „Во 2013 година авиопревозникот WizzAir Hungary превезе најголем број на патници од аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје и имаше  36% удел од пазарот но и најјак раст. Имено, во 2013 година Wizz Air имаше раст од 236,1% во однос на 2012 година на превезени патници. Односно во 2012 година имало 106.513 превезени патници, а во 2013 имало 358.003 превезени патници, објаснуваат од министерството за транспорт и врски. Оттаму додаваат дека за периодот јануари - октомври 2014 година Wizz Air има раст од 55,3 % на превезени патници во однос на истиот период за 2013 година. Односно, унгарската авиокомпанија има превезено 302.112 превезени периодот од јануари - октомври 2013 година и 469.227 превезени патници во периодот јануари-октомври во 2014 година. Превзени патници по години со WizzAir Hungary
  • ·2012 година                                                                       106.513 патници
  • ·2013 година                                                                       358.003 патници
  • ·2014 година (јануари-октомври)                                 469.227 патници
Според официјалните информации, WizzAir Hungary по склучување на Договорот за финансиска поддршка вопостави оперативна база со 2 воздухоплови на аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје. „ WizzAir Hungary оперира на 14 дестинации од аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје со многу достапна цена на чинење на билети , односно се зголеми достапноста, безбедноста, конкурентноста и квалитетот на воздушниот сообраќај во Република Македонија, додаваат од министерството за транспорт и врски. С.Н.Ј.
Слично

Поврзани вести