Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВТИНИ ПИЈАЛОЦИ И БИЛЕТИ: Грците го почнуваат „ловот“ на туристи

ЕВТИНИ ПИЈАЛОЦИ И БИЛЕТИ: Грците го почнуваат „ловот“ на туристи

Јужниот сосед им нуди евтини пијалоци и билети на туристите.

Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека цените на пијалоците, на кафето, па дури и билетите на кино на отворено ќе бидат пониски во однос на лани.

Грција објави дека ќе им понуди на туристите поевтини билети за авионски летови, билети за траекти и за автобуси.

„Сезоната ќе започне на 15 јуни и тогаш ќе можат да се отворат хотелите. И од 1 јули, директните меѓународни летови постепено ќе почнат да патуваат кон нашите туристички дестинации“ – вели Мицотакис.

Maкедонија е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Слично

Поврзани вести