Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВТИНИ ИЗБОРИ: Српските политичари потрошиле три пати помалку пари за кампања!

ЕВТИНИ ИЗБОРИ: Српските политичари потрошиле три пати помалку пари за кампања!
За време на кампањата за предвремените парламентарни избори во Србија, што се одржаа на 16 март, српските политички партии потрошиле дури три пати помалку пари во споредба со претходните избори во 2012 година, покажа истражувањето на невладиниот Центар за слободни избори и демократија (ЦЕСИД).

Најмногу потрошила Српската напредна партија (СНС) - дури 4,5 милиони евра, а следна според вложените средства е коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), која за кампањата потроши околу 1,5 милион евра, беше соопштрно на тркалезна маса во Нови Сад.

Претставникот на невладината организација ЦеСид, Бојан Клачар, изјави дека четири петини од трошоците за кампањата биле дадени за реклами, а од нив дури 90 проценти биле за реклами на телевизиите и тоа со национална концесија.

 
Слично

Поврзани вести