Евтина европска земја, но туристите ја заобиколуваат
Молдавија е една од најевтините европски земји за патување, но и една од оние што ретко се појавуваат на туристичките листи на желби. Сместена меѓу Романија и Украина, земјата нуди поинаков тип одмор: без масовни плажи, без пренатрупани центри и без цените што во последните години ги следат најпознатите европски градови.
Според податоците што ги пренесуваат европските туристички бази, Молдавија во 2024 година имала 67.631 странски посетител, што е раст во однос на претходната година, но бројката и понатаму ја става земјата меѓу најмалку посетените европски дестинации. Најголем дел од патниците доаѓаат од Романија, Италија, Германија и Бугарија.
Главната точка за повеќето посетители е Кишињев, град со мешавина од советска архитектура, широки булевари, паркови, пазари, катедрали и музеи.
foto printskrin youtube
