Еврозоната во стабилизационо ниво-Мерките на ЕЦБ веќе даваат резултат
Економската стабилизација на еврозоната е се повидлива, а преземените мерки на Европската централна банка (ЕЦБ) во 2014 година даваат резултат. Тоа го коментира членот на централната банка Ив Мерш за време на состанокот во Токио.
Од неговата изјава, станува јасно дека банката наскоро ќе биде подготвена да ги промени своите негативни прогнози за постигнување на економските цели со неутрални, пишува во коментар Bloomberg.
Од банката велат дека со своите постапки ја поддржале домашната побарувачка во еврозоната, што е и еден од изворите на економското заздравување.
Во првото тримесечје монетарната унија на ЕУ го забележа 16-от по ред квартал со економски раст. Податоците на Евростат покажуваат зголемување на бруто домашниот производ од 0,5%, што претставува годишен раст од 1,8 отсто, наведува уште Мерш. Според неговите пресметки тоа е повеќе во однос на податоците за САД, каде што годишниот раст на економијата е да достигне 0,7% во првите три месеци од годинава.
Невработеноста во еврозоната се намалува - од 2013 година се создадени 5 милиони работни места, а растот на еднократен доход ги тера домаќинствата да трошат, а не да штедат.
Мерш сепак предупредува дека динамиката на платите сеуште заостанува и повисоките приходи кои ги предвидува статистиката, повеќе се должат на новите работни места, а не на зголемувањето на платите. Економскиот раст и падот на невработеноста можат да ја вратат инфлацијата и веќе се забележуваат "срамежливи" сигнали за инфлациски притисок, додава уште Мерш во својот говор во јапонската престолнина.
Почнува да се набљудува и обновување на инвестициите и како целина изгледите за раст се повеќе избалансирани, рекол уште тој.
Ризиците кои се уште и се закануваат еврозоната, се поврзани главно со надворешната средина, како и политичката несигурност и нестабилност во почетокот на годината во Европа, предупредува Ив Мерш. Според него, анализите покажуваат дека светската економска активност претпоставува стабилен раст, што ќе поддржи уште инвестиции во еврозоната.
Против оваа позадина еврозоната има потреба од стабилен банкарски сектор, кој ќе го поддржи економскиот раст во наредните години, забележува уште членот на ЕЦБ.
