Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврозоната стабилно расте после скокот на инфлацијата

Еврозоната стабилно расте после скокот на инфлацијата

Економскиот раст на еврозоната остана низок но стабилен во третиот квартал, бидејќи инфлацијата скокна на 27-месечен максимум поради стравот од Брегзит.

Уште една од причината се и претстојните големи избори во Франција и Германија.

Агенцијата за статистика на Евростат соопшти дека растот во еврозоната останал стабилен во три месеци од јули до крајот на септември , на 0,3 отсто, што е во согласност со прогнозите на аналитичарите кои ги анкетирала истражувачката компанија Фактсет.

На 12-месечно ниво, растот во еврозоната изнесувал 1,6 проценти.

Аналитичарите велат дека економската експанзија, која останала ниска, и допринела на Франција која се оттргнала од екомскиот пад забележан неодамна во текот на годината, бидејќи во третото тромесечие регистрирала раст од 0,2 проценти.

Показателите за растот, сепак, ќе ја подгреат загриженоста во поглед на способноста на европската економија да отвора нови работни места, и значајно да го поттикне зголемувањето на инфлацијата.

Растот на БДП за цела 28-члена Европска унија изнесувал во третото тромесечие 0,4 проценти, што исто така е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Потрошувачките цени во еврозоната, кои лани тонеа во дефлаторна вода, и испливаа од неа, пораснаа за 0,5 проценти, што е највисоко ниво од јуни 2014.

И покрај тоа што инфлацијата е на највисоко ниво повеќе од две години, таа и понатаму далеку заостанува зад целното ниво на Европската централна банка од близу 2,0 проценти.

Слично

Поврзани вести