Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврозоната со позитивни резултати, невработеноста бележи пад!

Еврозоната со позитивни резултати, невработеноста бележи пад!

Акциите на европските берзи пораснаа, бидејќи позитивните податоци од еврозоната го неутрализираа обновувањето на загриженоста поради слабата јапонска економија.

Пред пладне, лондонскиот индекс на акции  FTSE 100 пораснал за 0,5 одсто, на 6.147,03 поени, франкфуртски DAХ 30 за 0,4 одсто на 9.834,83 поени, а париски КАК 40 за 0,3 одсто, на 4.334,67 поени, пренесе Франс прес.

„Берзанските индекси продолжуваат да растат во очекување на подолг период на задржување на ниските каматни стапки во САД“, изјави аналитичарот на компанијата Оанда, Крег Ерлам.

На скокот на европските акции допринесе извештајот на европските служби за статистика Евростат, кој покажал дека стапката на невработеност во еврозоната во февруари паднала на 10,3 одсто, најниско ниво за последните четири и пол години.

На валутните берзи, еврото зајакна на 1,1408 долари од 1,1393 долари од петокотм а доларот ослабна на 111,36 јени.

Во САД, само пет минути по отворањето на берзата, американските берзански индекси воглавно паднаа, при што индустрискиот Дау Џонс „се лизна“ за 0,12 одсто. S&P 500 зa 0,13 одсто а технолошкиот Nasdak за 0,10 одсто.

Кога веќе сме кај еврозоната да споменеме дека невработеноста бележи пад.

Податоците на Евростат покажаа дека во јануари била  10,4% а веќе во февруари паднала еден процент до 10,3%.

Во споредба со податоците од лани пак, во февруари 2015  уделот на невработените во ЕУ беше 11,2%.

Слично

Поврзани вести