Еврозоната силно вработува и покрај потресите
Невработеноста во еврозоната останала стабилна и во март, бидејќи блокот го задржал курсот на силно вработување.
Ваквиот курс е задржан и покрај политичките потреси поради Брегзит и изборите со висок ризик во Франција, покажуваат податоци на Евростат.
Стапката на невработеност во 19 члената еврозона се задржала во третиот месец на 9,5 отсто, иако во проблеми кај оптеретената Италија е забележан раст на навработеноста.
Ова е најниска стапка на невработеност во еврозоната од април 2009 година.
За време на најголемата должничка криза, невработеноста во регионот на единствената валута изнесувала 12,1 посто, при што во април 2013, во потрага по работа биле 19,3 милиони луѓе.
Бројот на невработени луѓе после четири години изнесува нешто повеќе од 15,5 милиони, наведува Евростат.
