Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврозоната ја отсече Грција

Еврозоната ја отсече Грција

Министрите за финансии од еврозоната одбија денес да го продолжат спасувачкиот план за Грција по 30 јуни, како што сака Атина, објавија извори на Франс прес.

"Еврозоната одбива продолжување на грчката програма за помош", посочија пред агенцијата запознаени со преговорите надвор програмата на свиканиот итен состанок на Еврогрупата во Брисел.

Преговорите продолжуваат без Грција - Министерот за финансии Варуфакис си замина порано денес. Неговите колеги беа исклучително непријатно изненадени од најавената намера на земјата да одржи референдум за предлозите на доверителите.

Сè поупорно се зборува за план Б - излез на нашиот јужен сосед од Еврозоната.

Во меѓувреме, АП известува дека многу Грци  денес во редици чекале пред банките, откако премиерот Алексис Ципрас објави распишување референдум на 5 јули, според предлозите на меѓународните кредитори.

Рокот за изнаоѓање на решение е 30 јуни. Ако до тој датум не добијат позајмени пари , Грција ќе западне во стечај.

Редиците се зголемија во текот на денот, а бројот на луѓето и достапноста во машините варира на различни места. Полицијата ги заостри мерките за безбедност околу нив.

Ројтерс наведува дека не се забележува паника пред банките, поголемиот дел од нив се затворени . Грчката централна банка прави сé за да обезбеди добро снабдување на банкоматите со банкноти и нема да има прекин увери институцијата во соопштението денес.

Владини претставници уверија дека нема планови за наложување на контрола над капиталот што би го ограничило повлекувањето.

Редици се направиле и околу бензинските пумпи.

Белгиското Министерство за надворешни работи објави повик до граѓаните да внимаваат многу при патувања во Грција и да си носат готовина.

Слично

Поврзани вести