Еврозоната ја има највисоката инфлација за период од 25 години
Инфлацијата во еврозоната се зголеми на 8,1 отсто.
Ова е највисоко ниво откако европското биро за статистика Eвростат пред 25 години започна да ги објавува извештаите. Цените на енергијата, во мај пораснале за 39,2 отсто во однос на истиот месец лани. Во април тие се зголемени за 37,5 отсто.
Годинава, пак, растот на цените на енергијата забрза откако Европската унија(ЕУ) воведе низа санкции против Русија поради војната во Украина. ЕУ постигна договор за забрана на увозот на руската нафта со бродови, а планира да го намали увозот на гас од земјата којашто е и во моментов најголем добавувач на енергенси.
Инфлација од скоро осум проценти е регистрирана во Германија.
foto freepik.com
Слично
