Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОЗОНАТА И НЕВРАБОТЕНОСТА: Eдна земја има само 2.5 проценти невработено население

ЕВРОЗОНАТА И НЕВРАБОТЕНОСТА: Eдна земја има само 2.5 проценти невработено население

Во февруари невработеноста во еврозоната се намалила на најниско ниво од декември во 2008 година, а инфлацијата расте, пренесе АФП,  повикувајќи се на официјалните податоци што денеска се објавени. 

Официјалната статистичка агенција на ЕУ, Евростат, објави дека невработеноста во зоната на единствената валута се намалила до 8,5 проценти во февруари наспроти 8,6 проценти во јануари.

Во март инфлацијата во еврозоната се зголемила до 1,4 процент наспроти 1,1 процент во февруари, што ја доближува до поставената цел од 2,0 процента на Европската централна банка.
Најниска стапка на невработеност по земја имаат Чешка (2,5 отсто), Германија и Малта (3,5 проценти), додека Грција има највисока стапка од 20,8 отсто.

Слично

Поврзани вести