Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврозоната даде зелено светло за исплата на нови 4 милијарди евра помош за Грција

Еврозоната даде зелено светло за исплата на нови 4 милијарди евра помош за Грција
Еврозоната одобри на Грција да и се исплати новата кредитна транша  во износ од четири милијарди евра, соопшти вчера претставникот на Европската комисија, Сајмон О’Конор. - Грција ги исполни сите преземени обврски и тоа значи дека може да и одобриме исплата на нова транша - нагласи О’Конор. Финансиската помош, Атина ќе ја добие на две рати. Првиот дел од парите, 2,5 милијарди евра, ќе пристигнат в понеделник, а останатите 1,5 милијарди евра, Грција ќе ги добие до крајот на летото.
Слично

Поврзани вести