Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото зајакнува - што се случува со берзите?

Еврото зајакнува - што се случува со берзите?

Пад има на азиските берзи, а еврото зајакнува.

Цените на акциите на азиските берзи денеска паднаа, исто како на Вол Стрит еден ден претходно. Ова се случува затоа што инвеститорите се разочарани од деловните резултати на неколку компании и одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја задржи каматата на досегашно ниво.

МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,5 отсто.

Во исто време на Токиската берза Никеи индексот ослабе за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонг Конг, Шангај, Јужна Кореја и Сингапур паднаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто.

Азиските инвеститори ги обесхрабри и вчерашниот пад на СендП (S&P) 500 индексот на Вол Стрит од рекордни нивоа, откако неколку компании, вклучувајќи го и Форд, објавија послаби резултати од очекуваните квартални деловни резултати.

За 1,6 проценти утрово паднаа и цените на акциите на Амазон, откако овој технолошки гигант објави за прво намалување на приходите во текот на изминатите две години.

Од друга страна, Интел, Старбакс и Алфабет беа подобри од очекуваното, така што цените на нивните акции моментално се во плус од 5 до 8 проценти.

Слично

Поврзани вести