Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото утре ќе чини 123.50 српски динари

Еврото утре ќе чини 123.50 српски динари
Во Србија утре еврото ќе се продава за 123.50 динари. Динарот ослабе во однос на еврото за 0,1 % и официјалниот среден курс ќе биде 123,5004 динари за едно евро. Српскиот динар ќе биде 1,5 % послаб отколку на почетокот од годинава, за 0,2 % послаб  од пред еден месец, или за 2,6 % пониско отколку пред една година. Оваа валута годинава беше најјака на 4 јануари, кога стапката изнесуваше 121,5145 динари за едно евро, а најслаба на 25 февруари, кога еден еврото чинеше 123,5329 динари. Со цел ублажување на флуктуациите на динарот во однос на еврото, централната банка оваа година на меѓубанкарскиот девизен пазар продаде вкупно 400 милиони евра и купи 10 милиони евра.
Слично

Поврзани вести