Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото со пад пред состанокот на ЕЦБ, доларот со раст

Еврото со пад пред состанокот на ЕЦБ, доларот со раст

Еврото падна на 10-дневно дно во понеделникот во однос на американскиот долар. Вниманието на инвеститорите е насочено кон претстојната седница на ЕЦБ која се очекува подоцна во текот на неделата, кога ќе стане јасно дали финансиската институција ќе воведе дополнителни стимулации со цел зголемување на инфлацијата во еврозоната.

Иако многу од инвеститорите се на мислење дека централната банка ќе почека до декември пред да воведе нови иницијативи, тие сметаат дека ЕЦБ може да алудираат за дополнителните мерки уште овој четврток.

Многу банки очекуваа паритет на еврото во однос на доларот до крајот на годината откако ЕЦБ ја најави програмата за квантитативни олеснувања. Единствената валута успеа да поевтини до под 1.05 во март, но подоцна во текот на годината реализира раст од 9%, и на тој начин покажа дефлационен притисок во еврозоната.

Доларот доби поддршка од објавенитеповолни податоци минатата недела за инфлацијата во САД, како и бројот на неделните молби за помош за невработените - најниските за последните 4 децении. Податоците даваат надеж дека Банката на федерални резерви може да ги подигне стапките пред крајот на годината.

На почетокот на неделата индексот на доларот , мерејќи го претставувањето на американскиот долар во однос на кошницата од 6 главни валути, се покачи за 0,3% до 94.952.

Еврото поевтини за 0,2% до 1.1322 долари. Во однос на британската фунта единствената валута реализира пад од 0.7% до 0.7322.

Златото со пад трет ден по ред Цената на златото падна за трет последователен ден откако доларот продолжи со силното претставување. Така благородниот метал продолжува со оддалечувањето од 3 и пол месечниот врв достигнат минатата недела.

Доларот - противникот на златото, поскапува покрај несигурноста околу зголемувањето на каматите во САД. Еврото забележа пад во однос на американската валута, достигнувајќи 10-дневен минимум во пресрет на состанокот на ЕЦБ, на кој може да се отвори патот кон воведувањето на дополнителни стимулации.

Според аналитичарите најголемата закана за благородни метали во моментов е најголемиот пораст на шпекулативни долгите позиции за последните неколку недели.

SPDR Gold - најголемиот берзански тргувачки фонд за злато во светот, објави податоци за намалување на резервите со 6.3 тони.

Цената на благородни метали се намали за 0,6% до 1170.26 долари за унца. Среброто падна за 1,6% до 15.79. Платината поевтини за 0,3% до 1008 долари за унца.

Слично

Поврзани вести