Еврото потона на најниско ниво во последните 11 години
Курсот на еврото денес падна на најниско ниво од 11 и пол години, само еден ден откако Европската централна банка (ЕЦБ) го започна потегот на планот за стимулирање од 1,1 трилиони евра.
Единствената европска валута поевтини за 0,9 отсто до 1.0760 долари во утринската сесија. Програмата на ЕЦБ за купување на средства ги нагласува разликите во монетарната политика на Франкфуртската институција и на американската централна банка.
Малку пред 16 часот трансакциите се склучува под 1.0745 долари за евро (пад од малку над 0,8 отсто за заедничката европска валута).
Додека ЕЦБ ги забрзува активностите насочени против дефлацијата и поддршка на економскиот раст во еврозоната, Управата за федерални резерви на САД презеде спротивна насока. Американската институција даде сигнал дека планира да стави крај на шемата за откуп на средства и да ги укине каматните стапки.
Според многу аналитичари еврото оди кон паритет во однос на доларот оваа година. Единствената европска валута падна под прагот од 1,1 долари за прв пат од септември 2003 година .
