Еврото може да тргне по патот на „швајцарецот“!
Шокот од растот на франакот за еден ден, како и поскапувањето на кредити се уште не се спласна, а економистите предупредуваат дека слична работа би можела да се случи и со еврото.
Кога, и во колкава мерка, никој не може со сигурност да каже, но принципот е ист - еврото сега е послабо во однос на американскиот долар, а ако порасне, ќе растат и задолжувањата на сите во валутата на еврото.
Еврото во моментот е доста слабо во однос на доларот и не е исклучено односот на овие две валути да се врати на претходното ниво, кога европската валута беше посилна. Тоа тогаш би можело да значи можност корисниците на кредити во евра да доживеат слично сценарио како денеска оние кои позајмуваа во франци. Со кое темпо и кога би можело ова да се случи е тешко да се оцени.
Никој не може сигурно да каже како ќе се движат меѓународните валути, но граѓаните треба да знаат да превземат ризик доколку земаат кредити поврзани со странските валути.
Искуствата покажуваат дека каматите на задолжувања индексирани во странски валути биле поволни, односно дека овие задолжувања биле поефтини. Тоа, меѓутоа значи и превземање на поголем ризик. Секој мора да биде свесен за фактот дека од поволен кредит утре може да боли глава“, оценуваат експерти.
Во Унгарија, јакнењето на франакот не предизвикало паника, иако околу милион Унгарци имаат кредити во швајцарски валути, во вредност од околу 10 милијради евра. Тамошната Валда своевремено го фиксирала курсот за конверзија на ратата на стамбените кредити во франци и евра значително под пазарната стапка.
Ни во Романија јакнењето на франакот не предизвикало големо пореметување бидејќи делот на кредити во франци во однос на вкупните кредити е мал, околу пет одсто. Во Чешка тој дел е уште помал, околу 0,02 одсто од вкупните кредити.
Ни во Австрија јакнењето на франакот не предизвикало паника бидејќи таа членка на еврозоната уште во 2008 ги забранила кредитите во странски валути.
