Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото ќе чека уште деценија или две за примена во оваа земја

Еврото ќе чека уште деценија или две за примена во оваа земја

Една европска земја го одложува воведувањето на еврото. 

Полска нема да го прифати еврото барем уште 1 или 2 децении. 

Ова го најави  вицепремиерот на Полска,  Матеус Мораветци, цитиран од „Блумберг“.

Тој објаснува дека Полска ги нема економските и индустриските стандарди кои ги имаат земјите на еврозоната, како по прашање на развојот, така и по прашањето за висината на платата, како и слободното движење на службите.

„По 10-20 години, кога клучните параметри на нашата економијата ќе бидат слични на оние кои постојат во Германија, Франција и Холандија, ќе ја разгледаме можноста“- вели тој.

Додава дека доколку земјата се лиши од алатки како можноста за емитирање на долг, определување на каматни стапки и печатење на слободно конвертибилна валута, таа „наскоро ќе се сожали“ за својата одлука.

Воведувањето на еврото во Полска би било можно само по пат на референдум, затоа што во Уставот на Полска полскиот злот е официјална национална валута.

Инаку, Полска не е единствена земја во Европа која не го користи еврото. И други земји се подготвуваат за воведување на валутата. 

Слично

Поврзани вести