Еврото достигна 3-неделен врв во однос на доларот
Еврото достигна 3-неделен врв во однос на доларот во петокот.
И покрај добрите макроекономски податоци за вработување во САД, доларот не успеа да ја покачи вредноста во однос на еврото.
Последниот ден од минатата недела се покажа среќен за заедничката европска валута и инвеститорите која ја користат. И покрај добрите макроекономски податоци за САД, доларот не успеа логично да ја покачи вредноста во однос на еврото. Основна причина за тоа беа советите од ЕЦБ за евентуално зголемување на основните каматни стапки. Американските пазари на акции, од друга страна, ги прифатија одлично позитивните макроекономски податоци. На почетокот на оваа недела очите на инвеститорите ќе бидат насочени повторно кон Франкфурт, каде Марио Драги ќе даде изјава за монетарната политика во 15:30 часот по македонско време. Само еден час потоа ќе се одржи гласање за стартување на законот за Брегзит во британскиот парламент. И двата настани ветуваат бурен пазарен ден, иако повторно во центарот на вниманието ќе биде претежно еврото.
