Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото до крајот на годината ќе се изедначи со доларот!

Еврото до крајот на годината ќе се изедначи со доларот!

Еврото падна на најниското ниво во однос на доларот во последните 12 години, и наскоро би можело да се изедначи со американската валута, проценуваат аналитичарите.

За тоа допринеле и мерките на Европската централна банка, која со купување обврзници го стимулира економскиот раст во еврозоната. Невработеноста во европската унија моментално е поголема од 11 одсто, со што бизнисмените се надеваат дека слабото евро ќе помогне за европските извезувачи, пренесуваат медиумите.

Додека американскиот долар постојано се зајакнува, еврото е во пад од мај и изгубило третина од својата вредност. Паднало под 1,06 долари, што е најголемо ниво од 2003 година. Европа со тоа стана поевтина за американските туристи, па трговците и туристичките работници тријат раце. Во Грција третина од приходите доаѓаат од туризмот.

За разлика од еврозоната, чија наплата е претежно слаба, американската економија расте енергично. Невработеноста е намалена на 5,5 одсто, што го потикнува купувањето на долари со постојаниот пад на еврото. Но на поголем период, прејакиот долар би можел да има негативни последици по американската економија.

Падот на еврото продолжува и оваа недела поради откупот на обврзниците на членовите од еврозоната во месечен износ од 60 милијарди евра. Аналитичарите од „Deutsche Banke“ потенцираат дека еврото до крајот на оваа година ќе се израмни со доларот.

Слично

Поврзани вести