Еврото брзо ја прослави победата на Емануел Макрон
Вредноста на еврото се зголеми во првите часови на азиската трговија по победата на центристот Емануел Макрон во Франција. Противникот на новиот француски претседател Марин Ле Пен се залагаше за излез на Франција од еврозоната и ЕУ и инвеститорите со олеснување ги прифатија изборните резултати.
За кратко трговијата на девизните пазари се одржуваше кај 1,104 долари за едно евро. Ова е највисоко ниво на единствената европска валута од почетокот на ноември 2016 година наваму. Но, потоа трговијата се врати до нивоа од 1,0974 долари за едно евро.
Единствената европска валута го почна својот раст на пазарите уште по првиот круг на изборите за француски претседател.
„Пазарите веќе ја прославија победата на Макрон“, се наведува во коментарот на Масафими Јамамото, девизниот стратег во Mazuho Securities во Токио.
Според него, растот на единствената европска валута ќе биде ограничен, поради сомнежите дека политичкото движење зад Емануел Макрон „Во марш!“ (En Marche!) ќе може да освои мнозинство во претстојните парламентарни избори во земјата.
Без парламентарна поддршка новиот француски претседател ќе тестира тешкотии да ги реализира планираните политики.
