Евростат: Во Македонија има најевтина храна
Врз основа на анализата на 500 прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци и тутунот, во последните три години, Евростат оценил дека во Македонија со најмалку пари можат да се купат прехрамбени производи, пренесува Нетпрес.
Според статистиката на Евростат државите се рангираат на скапи и евтини земји за живеење, пресметани во однос на европскиот просек. Според истата анализа Македонија е најевтина во однос на сите категории на производи.
Конкретно во однос на храната, на пример : цената на лебот, житните продукти, местото и рибата се со најмал индекс, или скоро 50 отсто поевтини во однос на европскиот просек. Индексот за цената на маслото и неговите деривати, овошјето и зеленчукот се движи мегу 49 и 72 отсто во однос на европскиот просек. Во групата на држави кои исто таа имаат низок индекс на цената на храната се и Бугарија, Албанија и Полска.
Според статистиката на Евростат, Норвешка и понатаму останува најскапа држава за живеење. Во Европската Унија на прво место е Данска, додека пак во Финска најскапи се пијалоците, а во Ирска тутунот.
Анализата е спроведена во 37 европски држави, односно 28 членки на ЕУ, три на ЦЕФТА, четири кандидати за во Европската Унија и две држави потенцијални кандидати.
Слично
