Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евростат: Потрошувачките цени во Македонија не се ниту половина од европските

Евростат: Потрошувачките цени во Македонија не се ниту половина од европските
Потрошувачките цени во Македонија се на ниво од 47% од просечните цени во Европа, преметал Евростат. Според европската статистика, најблиску до европските цени е облеката - 77% од европскиот просек, храната и безалкохолните пијалоци - 59%, додека најголемата разлика е кај алкохолот и тутунот, кои во Македонија се продаваат по цени кои се само 38% од просечните цени во ЕУ. Од останатите земји во регионот, речиси сите имаат цени кои се нешто над 50% над европскиот просек: Албанија - 51%, Босна и Херцеговина - 53%, Србија 54%, Црна Гора - 56%. Приближно најслични цени со Македонија има Бугарија - 48% од просекот во ЕУ. Со ова, Бугарија е најевтина земја-членка на Унијата. Данска, пак, е најскапа, бидејќи статистиката покажува дека таму цените се за 40% повисоки од европскиот просек.  
Слично

Поврзани вести