Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евростат објави која земја е најголем губитник од ковид кризата

Евростат објави која земја е најголем губитник од ковид кризата

Евростат објави која земја е најголем губитник од ковид кризата на европско тло. 

Хрватска има најголемо намалување на платите поради пандемијата на коронавирусот. 

На ниво на Европска унија се намалени и приходите на вработените за околу 5 отсто, во однос на приходите реализирани лани, а најлошо според истражувањето на Евростат за влијанието на пандемијата, поминале Хрватите, пишува Вечерњи лист“. 

Вработените и оние кои се водат како самовработени во Хрватска останале со 10,6 отсто помал приход. По нив се Грците, Французите и Кипарците, чии загуби се повеќе од 7 отсто. Најмали загуби на приходот имаат Латвија, Унгарија, Данска и Шведска, со тоа што во анализите на Евростат не се вклучени загубите од вториот бран на ковид-19. Најмногу вработени отсуствувале од работа поради боледувања, привремен недостиг од работа или намален број на работни часови. Во ЕУ најголеми загуби на приходи се евидентирани во туризмот и угостителството, минус 16, 8 отсто, а потоа во секторот уметност и забава, минус 10,9 отсто. Во Хрватска учеството на загубениот приход е минус 13 отсто.

Слично

Поврзани вести