Евростат објави дека 35 отсто од македонските граѓани се во ризик од сиромаштија
Околу 35 отсто од населението во Македонија е под ризик на сиромаштија, oбјави Евростат.
Најлошо рангирана држава од регионот е Албнија каде повеќе од половина од населението (51 отсто) е изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
Во Црна Гора во ризик од сиромаштија е 40 отсто од популацијата, а Турција е со 38 проценти.
Во оваа група се сметаат домаќинства кои имаат тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.
Изминативе години во земјава петтина или четвртина од населението се сметаше за сиромашно, според статистичките податоци.
Слично
