Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОСТАТ: Луксембург прв по продуктивноста на работниците, а Македонија на дното

ЕВРОСТАТ: Луксембург прв по продуктивноста на работниците, а Македонија на дното

Најпродуктивни во Европа се работниците од Луксембург и Норвешка.

Но, македонските работници заедно со бугарските се меѓу најмалку продуктивните во Европа, покажуваат бројките на Евростат. 

Еден работник за еден час во земјава создава само 42.9% додадена вредност од просекот што го прават неговите колеги на ниво на Европската Унија.

Малку подобро рангирана од Македонија е Бугарија со 43%. Романија има 56.3%, Хрватска 73.1%, Словенија 79.8%, Грција 87.1%. Најпродуктивни се работниците во  земји како Луксембург со 163.2% од просекот, потоа следи Норвешка со 152.5% и Швајцарија со 122.5%. Во податоците ги нема Србија, Босна, Албанија и Косово.

Слично

Поврзани вести