Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евростат: Грција е со најголем долг во ЕУ

Евростат: Грција е со најголем долг во ЕУ

Грција е со најголем долг, што изнесува 156,9 отсто од БДП , и со буџетски дефицит во висина од 10 отсто од БДП, што е вториот највисок дефицит во ЕУ во 2012 година.

Ова го покажуваат податоците на Европската статистичка служба -Евростат, цитирани денеска од весникот „Имерисија“.

Минатогодишниот буџетски дефицит на Грција беше 10 отсто од БДП и изнесуваше 19,3 милијарди евра. Државниот долг на Грција е намален од 355,1 милијарди евра во 2011 година на 303,9 милијарди евра во 2012 година.

Слично

Поврзани вести