Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските работници ќе дочекаат пензија во длабока старост

Европските работници ќе дочекаат пензија во длабока старост

Самите години не се секогаш индикатор за некоја личност колку е стара, но секој треба по работниот век да добие заслужена пензија. Тоа ќе биде се потешко за европските работници кои досега уживаа повеќе социјални бенефиции. Промените за кревање на возрасната граница за пензионирање ја понуди Европската комисија поради истражувањето кое вели дека во наредните децении ќе има се помал број на работнци, па затоа мора да биде направен и баланс со бројот на вработени кои нема прерано да заминат во пензија.


За да се задржи стабилноста на пензиските системи, ЕК ги повика 28-те држави за зголемување на возраста за пензионирање, стана јасно од комесарот за социјалните прашања Маријан Тејсен.

„Во моментов во просек четири лица работат, за да издржат еден пензионер. Во 2060-та година тој број ќе падне на половина – за секој пензионер ќе работат само двајца луѓе. Тоа значи дека треба да има посветено повеќе луѓе на пазарот на труд. Треба да им дадеме можност на граѓаните кои живеат подолго и се во добра здравствена состојба, да работат подолго. Во спротивно ќе имаме проблеми со финансирањето на пензиските системи и други делови на социјалното осигурување“, рече таа.

Повторно решение за проблемот со работната сила може да се бара преку „увоз“, односно давање на повеќе шанси за работа на мигрантите, како и зголемување на наталитетот на домашно ниво.

Слично

Поврзани вести