Европските поштенски компании ги заоструваат правилата при испраќање пакети во САД
Австриската државна пошта наскоро значително ќе го ограничи испраќањето пакети во САД поради новите царински правила на САД, објави компанијата во четврток.
Од вторник до понатамошно известување, „Австриска пошта“ повеќе нема да прифаќа пакети испратени во САД, објави државната компанија, откако давателите на поштенски услуги во Белгија и скандинавските земји неодамна објавија слични мерки.
„Австриска пошта“ забележува дека давателите на поштенски услуги не добиле доволно детали за потребните процедури откако беа направени измени во царинските процедури на САД.
„Заострувањето на прописите претставува големи предизвици за поштенските компании ширум светот кога станува збор за испорака на стоки во САД“, соопшти компанијата.
Исклучоци за приватни подароци и документи
Во иднина, „Австриска пошта“ ќе транспортира само документи и подарочни пакети испратени од граѓани во САД со проценета вредност помала од 100 евра.
Компаниите ќе можат да испраќаат пакети во САД само користејќи ја поскапата експресна услуга што ја обезбедува „Австриска пошта“ во соработка со германската DHL.
Во среда, белгиската bpost, норвешката Posten Bring и шведско-данската група Postnord објавија дека привремено ќе ги суспендираат повеќето испораки во САД.
Европските поштенски служби веќе работат на решавање на ситуацијата, соопштија компаниите.
