Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските пазари во очекување на решението на ЕЦБ

Европските пазари во очекување на решението на ЕЦБ
По вчерашниот пад предизвикан од зајакнувањето на доларот поради добрите резултати за вработеноста во приватниот сектор во Америка, валутниот пар ЕУР / УСД за време на азиското тргување успеа да се опорави и да ги надополни претходните загуби. Денес ќе се одржи состанокот на ЕЦБ на кој не се очекува да се направи разлика кога станува збор за монетарната политика. На последната средба беше одлучено да се намали каматната стапка на рекордно ниско ниво од 0,25 %. Ниската инфлација и силното евро поттикнаа шпекулации дека ЕЦБ наскоро сепак ќе се одлучи да се донесат нови мерки за промовирање на заздравувањето на економијата . По средбата, која ќе се одржи денес ќе се одржи прес- конференција на која се очекува сигнал за било какви мерки кои ќе се применат од страна на ЕЦБ во иднина . Во Америка денеска ќе биде објавено второ отчитување на GDP. А прелиминарниот извештај покажа зголемување од 2,5% на 2,8 %. Од денешната изјава се очекува да се покаже повисок раст од 3,0 %. За време на азиското тргување еврото се зголеми за 0,26 % во однос на доларот. Од почеток на неделата цената на американските акции воглавно е во пад. По вчерашниот раст на највисоко неделно ниво цената на златото во текот на азиското тргување влегла во консолидација и опаднала 0,92%. Откако нафтата порасна на највисокото ниво во последните пет недели цената на суровата нафта вчера немаше големо движење. Целата анализа прочитајте ја на следниот линк
Слично

Поврзани вести