Европските индекси во минус, нафтата Брент 107 долари, стравот од инфлација се врати на берзите
Европските берзански индекси денеска главно се во минус, цената на нафтата Брент порасна над 107 долари за барел, а на берзите повторно завладеа страв поради растот на инфлацијата во Соединетите Американски Држави.
Индексот на производствени цени во САД во април порасна за 1,4 проценти на месечно ниво, што е највисок раст од март 2022 година, додека годишната инфлација достигна шест проценти, пренесува CNBC.
Претходно беше објавено дека американската потрошувачка инфлација пораснала на 3,8 проценти на годишно ниво, под влијание на растот на цените на енергијата и трошоците за домување.
Слично
