Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските финансиери не сакаат да коментираат дали има криминал во „Актор“

Европските финансиери не сакаат да коментираат дали има криминал во „Актор“
Европската банка за обнова и развој, која обезбеди кредит од 220 милиони евра за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица, не сака да ги коментира обвинувањата за сомнителни трансакции од сметката на грчкиот изведувач на работите, градежната компанија „Актор“. Од Банката за Капитал изјавиле дека нема да ги коментираат информациите со кои излезе опозицијата во Македонија, а коментар немаат ниту од Делегацијата на ЕУ во Скопје, иако Унијата со грант од 45 милиони евра исто така учествува во финансирањето на автопатската делница. „Делегацијата нема коментар во однос на изведувањето на проектот Демир Капија – Смоквица поддржан од ЕУ, а прашањето за движењето на парите во државата е прашање што ги засега националните власти“, изјавиле за Капитал од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски во изјава за Фактор потврди дека има намера да го испита случајот со одлевањата на парите од сметката на „Актор“ за приватни исплати. Зврлевски: Ќе покренеме постапка за случајот „Актор“!
Слично

Поврзани вести