Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските бензински пумпи пред празнење? Руски функционер предупредува на можни недостиг од гориво

Европските бензински пумпи пред празнење? Руски функционер предупредува на можни недостиг од гориво

Европските бензински пумпи би можеле да се соочат со сериозен недостиг од гориво веќе кон крајот на април, предупреди Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник за економска соработка.

Како што пренесуваат руските медиуми, Дмитриев изјавил дека бензинските пумпи во Европа „би можеле да останат празни околу 20 април“, посочувајќи дека последните испораки на енергенси кон Европската унија преку Ормускиот теснец се очекуваат до 11 април.

  • Бензинските пумпи во Европа ќе бидат празни веќе околу 20 април – напиша Дмитриев на социјалните мрежи, повикувајќи граѓаните да се подготват за можни последици.

Предупредувањето доаѓа во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и нарушувања во глобалното снабдување со нафта. Ормускиот теснец, преку кој минува околу една петтина од светската нафта, останува клучна точка за енергетските текови.

Во меѓувреме, неименуван ирански безбедносен претставник за државната телевизија PressTV изјавил дека сегашната состојба во теснецот би можела да потрае подолг период, додавајќи дека Иран има капацитет да ја одржува блокадата со години.

Овие случувања веќе се одразуваат на пазарите, каде цената на нафтата од типот „брент“ бележи силен раст и достигнува високи нивоа, што дополнително ги зголемува стравувањата од нова енергетска криза во Европа.

Србија данас

Слично

Поврзани вести