Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските банкари заработуваат помалку

Европските банкари заработуваат помалку

Американските банки многу повеќе заработуваат на инвестициското банкарство.

Водечките европски банкари се платени на половина помалку од своите американски колеги. Податоците на консултантската куќа PriceWaterhouseCooper (PwC) говорат дека минатата година девет главни извршни директори на европските банки кои работат во целиот свет во просек заработиле 4,8 милиони фунти.

За споредба, нивните американски ривали во џеб спремиле 10 милиони фунти, пишува Фајненшл тајмс. Причината за тоа е што европските банки најмногу се погодени од три фактори-анемичен економски раст, нови агресивни конкуренти и строга регулација. Освен тоа, американските банки многу повеќе заработуваат на инвестициското банкарство. Оваа година им припаднала третина од надоместот додека пет најголеми европски банки земале дури 17 посто од надоместот.

Слично

Поврзани вести