Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските акции различни, нафтата поскапа!

Европските акции различни, нафтата поскапа!

Акциите на европските берзи вчера регистрираа различни резултати, додека цените на нафтата пораснале.

Лондонскиот индекс на акции ФТСЕ 100 пораснал за 1,23 одсто на  6.545,27 поени, додека парискиот ЦАЦ 40 „се лизна“ за 0,18 одсто на  4.241,65 поени, а франкфурскиот DAX за 0,25 одсто на  9.786,96 поени.

Акциите на американските берзи продолжиле да растат, па индустрискиот индекс на Дау Џонс пораснал за 0,04 одсто на  17.784,97, широкиот S&P 500 за 0,24 одсто на 2.066,28 поени, а технолошкиот Насдак за 0,26 одсто на  4.760,88 поени.

На девизните пазари, еврото падна на 1,2233 долари со вчерашните 1,2287 долари, додека цената на златото на Лондонската берза „потонала“ на  1.195,50 долари за унца од претходните  1.199 долари.

Цената на нафтата „брент“ за испорака во февруари пораснала од 1,42 на 60,69 долари, додека цената на тексашката нафта  (WTI) на Њујоршката берза за јануарската испорака пораснала за 2,12 на 56,23 долари.

Слично

Поврзани вести