Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европскиот самит нова прилика за Самарас-брка финансии

Европскиот самит нова прилика за Самарас-брка финансии
При пристигнувањето во Брисел за средбата на лидерите на Европскатa Унија, на која треба да биде одобрен буџетот на Унијата за наредниот период, премиерот на Грција Андонис Самарас, изгледаше решен да настојува за “прилични европски субвенции“ за неговата задолжена држава.
Самарас истакнува, дека Грција постигнала напредок во исполнувањето на реформите, пишува грчкиот весник “Катимерини“.
-Во Грција во тек се фискална консолидација и структурни реформи. Основна цел ние реконструкција и економски раст“, вели премиерот на Грција, нагласувајќи дека реформите се гаранција за успех за Грција и за Европа.
Очекувањата од средбата во Брисел сепак не се толку оптимистички. Најверојатно Грција ќе повлече значителна помалку финансии во однос на минатата година – околу 14 милијарди евра, додека за 2014 година се очекуваат 20,4 милијарди.
Слично

Поврзани вести