Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПСКИ ЗАКОНИ: Црните пари да се враќаат во државната каса, а не кај криминалците

ЕВРОПСКИ ЗАКОНИ: Црните пари да се враќаат во државната каса, а не кај криминалците

Европскиот парламент изгласа нови правила, со чија помош полесно ќе се замрзнуваат и запленуваат нелегално стекнаното богатство и имот во цела Европска Унија.

Па така, ако досега во националнатата економија се враќаа помалку од еден процент од незаконските пари, со овој закон сите земји членки се обврзани да го одземат криминално стекнатиот имот, веднаш по првата правосилна пресуда.

Властите можат да го запленат имотот, дури и ако осомничениот е отсутен, болен или во бегство и против него тече „постапка во отсутност”.

Со новите правиле им се овозможува на државите да го одземаат нелегално стекнатиот имот и во случаи на активна и пасивна корупција во приватниот сектор, организиран криминал, детска порнографија и сајбер криминал.

Целта е националната економија да има корист од незаконските пари и да бидат вратени во нејзиниот буџет.  ЕУ смета дека ако ова не се направи, црните пари можат повторно да бидат вратени во организиран криминал и да бидат загубени за даночните благајни.

 
Слично

Поврзани вести