Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европски суд ја казни Турција поради насилство врз затвореници

Европски суд ја казни Турција поради насилство врз затвореници

Турција беше казнета со 54 000 евра од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) поради „прекумерна и непропорционална употреба на сила“ од чуварите против 18 затвореници во истанбулскиот затвор во 2000 година, објави турскиот весник „Хуриет“.

Поранешните затвореници поднеле жалба во судот, велејќи дека насилството било одговор на започнатиот  штрајк со глад во знак на протест против намалувањето на големината на затворските ќелии.

Прекинот на протестот од страна на полицијата во затворот е побарано од раководството на затворот, бидејќи 45-те затвореници одбивале да им биде укажан медицински преглед и лекување од медицинските лица во затворот.

За време на акцијата на обезбедувањето над 12 затвореници беа убиени, а 50 други се повредени, од кои некои со прострелни рани.

Слично

Поврзани вести