ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ: Економија во фокусот на Фактор!
Македонија е добра во однос на подготовките за развој на функционална пазарна економија.
Макроекономска средина е зајакната, но се потенцира дека севкупно одржлив развој на економијата може да се постигне само ако на домашниот приватен сектор продолжува да се развива и да придонесе повеќе за раст. Сепак останува потребата за поголема транспарентност во однос на јавните трошења, трансферите на пари и субвенциите што ги дава државата, препорачува Европската комисија во извештајот за напредокот на земјата.
Назадување во фискалната дициплина на владата е една од клучните забелешки, на Европската комисија во економскиот дел од извештајот за напредокот на Македонија. Посочено е дека, нивото на јавниот долг значително е зголемено во последните години, а измените и дополнувањата на Законот за јавниот долг предизвикаат загриженост за транспарентноста. При тоа, иако долгот на општата влада се уште е релативно умерен, сепак, континуирано се зголемува од 2008 година.
„Во текот на летото на 2014 година, Владата го измени Законот за јавен долг и се ограничи опсегот на задолжување на државните претпријатија со државни гаранции, но истовремено се поттикнуваат негаранциските задолжувања. Како резултат на тоа, бројкита за јавниот долг ќе бидат помалку транспарентни. Владата треба да го подобри управувањето и на транспарентноста на јавните финансии, да применува поригорозна фискална дисциплина и да се подобри фискалната транспарентност“, пишува Европската комисија.
Европската комисија укажува и дека е намалена фискалната дисциплина во 2014 и 2015 година, што укажува на потребата од подобрување на среднорочно планирање на расходите.
„Со ребалансот на Буџетот, дефицитот е ревидиран во нагорна линија, од 3,4% на 3,6% од БДП. Сепак, вистинскиот буџетски дефицит е уште поголем, односно 4,2% од БДП, на сметка на ад хок зголемувања на пензиите, социјалната помош и субвенции, како и дополнителни ресурси кои се потребни за изградба на автопатот на Коридорот X“, пишува Европската комисија во извештајот.
Потенцирано е и дека околу 45% од вкупните буџетски трошоци оди на социјалните трансфери, а владата ги зголемува пензиите, платите во јавниот сектор и земјоделсклите субвенции надвор од што е предвидено со закон. Тоа укажува дека посветеноста на Владата на среднорочна фискална стратегија е ослабена, и дека тешко дека ќе успее да го намали буџетскиот дефицит според проекциите.
„Со оглед на ребалансот на буџетот 2015 година, и во очекување на натамошно зголемување на трошењето во наредниот период, пред изборите, постигнување на целта во 2017 се чини премногу амбициозно. Генерално, врската помеѓу среднорочна рамка и годишниот буџетски процес и понатаму е слаба за да доведе до дополнителни заштеда на фискалниот простор што е потребен за да ги апсорбира неочекуваните притисоци или евентуално намалување на приходите“, пишува во извештајот.
Затоа Европската комисија препорачува дека е потребно: подобрување на управувањето со јавните финансии, придржувајќи се ригорозно до среднорочни фискални цели 2015-2017, со цел да се оствари консолидација во 2017 година со буџетски дефицот од 2,9%. Да се користи дополнителниот фискален простор за натамошни мерки за консолидирање, да се заштити од зголемување на капиталните расходи во случај на неочекувани буџетски притисоци. Да држи строга контрола врз развојот на исплата на трансфери, пензиите и платите во јавниот сектор. Да се воведе рамка за среднорочни расходи.
Невработеност
Европската комисија во извештајот наведува дека стапката на невработеност се намалува, но особено е алармантна бројката на долгорочно невработените лица, младите, и родовата нееднаквост при вработувањето.Условите на пазарот на труд остануваат оптоварени со пречки.
„Нови работни места беа создадени главно во сектори со ниска продуктивност и земјоделството, поддржан од страна на јавните субвенции и активните мерки на пазарот на трудот. Се проценува дека во јавниот сектор учествува со 20% од вкупната вработеност“, е наведено во извештајот.
А се посочува и дека Владата треба навремено и на регуларен начин да информира за големината на работната сила која е платен список на државата.
С.Н.
Слично
