Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европски град го забранува просењето, ќе се казнуваат минувачите кои даваат пари

Европски град го забранува просењето, ќе се казнуваат минувачите кои даваат пари

Европски град одлучи со проблемот на просјаците да се избори на свој начин - наместо да ги казнува просјаците, властите планираат да воведат парични казни за минувачите кои им даваат пари.

Таа одлука е објавена откако жителите на италијанскиот приморскиот град Бордигера во регионот Лигурија, изнеле жалби дека локалните просјаци не ги оставаат на мир, пренесува „Раша тудеј“.

- Бесмислено е да ги казнувате оние кои не можат или никогаш нема да можат да платат казни - рекол градоначалникот Џакомо Паланка. Тој за локалниот весник „Секоло ХIХ“ рекол дека таа појава мора да се искорени бидејќи, како што истакнал, зад неа често се кријат вистински организации, а најдобар начин тоа да се направи е да се обесхрабрат оние кои на просјаците им даваат пари.

Иако просјачењето и понатаму е легално на национално ниво во Италија, некои тамошни градови имаат сопствени прописи кога станува збор за тоа, па така Венеција во 2008 година забрани просјачење и воведе казни од 25 до 35 евра за оние кои нема да ја почитувааат забраната.

Просјачењето, исто така, е збрането во Шведска и Англија, како и во некои региони во Норвешка и Австрија, додека во Грција се казнува со шест месеци затвор.

Слично

Поврзани вести