ЕВРОПСКИ БЕРЗИ: ЕЦБ ги разочара инвеститорите, остар пад на цените на акциите!
Најновите одлуки на Европската централна банка ги изневерија очекувањата на инвеститорите после што главните индекси на водечките берзи во Европа забележаа најлоши резултати во последните два месеци.
Лондонски FTSE100 ослабна 2,27 одсто, а германски DAX и француски CAC 40 секој по 3,58 одсто.
Паневропскиот индекс Stoxx Europe 600 падна 2,4 одсто.
Како би поттикнала раст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ одлучи да го прошири својот програм на купување државни обврзници во износ од 60 милијарди евра месечно до 27 март 2016 година.
Истовремено ЕЦБ ја намали каматната стапка на депозитите за 10 базни поени, на минус -0,3 одсто, додека две стапки задржала на непроменето ниво, референтната каматна стапка на 0,05 одсто, а граничната каматна стапка на 0,30 одсто.
Програмот на поттикнувачки мерки кои ги претстави Марио Драги го изненади пазарот. Многу аналитичари очекуваа дека ЕЦБ пред се, ќе го зголеми обемот на месечен откуп на обврзници и дека каматната стапка на депозитите ќе биде уште пониска за 15 до 20 базни поени.
