ЕВРОПСКАТА ЗЕМЈА ИМА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Следуваат многу отпуштања, најпогодени се работните места на младите
Стапката на невработеност во Франција во вториот квартал од 2025 година изнесуваше 7,5 проценти, што претставува мало зголемување од 0,1 процентни поени во споредба со првиот квартал, објави денеска Националниот институт за статистика и економски истражувања (Insee). Оваа статистика ги вклучува само оние кои активно бараат работа и се подготвени веднаш да почнат да работат.
Околу 2,4 милиони француски граѓани биле невработени во периодот од април до јуни, според дефиницијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Во категоријата млади луѓе на возраст од 19 до 24 години, стапката на невработеност во Франција е 19 проценти, што претставува зголемување од 1,2 проценти на годишно ниво.
Кај населението на возраст од 25 до 49 години, стапката на невработеност е во благо зголемување и сега изнесува 6,9 проценти, додека кај оние над 50 години е стабилна на 4,8 проценти, објавува „Ле Фигаро“. Стапката на невработеност кај жените е 7,3 проценти, а кај мажите 7,7 проценти.
