Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија има намера во наредните денови да воведе царина за увоз на жито од Русија и Белорусија од 95 евра за тон, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на сопствени извори.

„Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија со цел да ги увери земјоделците и некои земји-членки“, пишува весникот.

Според изворите на весникот, ваквиот чекор ќе доведе до зголемување на цените за најмалку 50 проценти. Како што е наведено, ќе се воведат царини за маслодајните семиња и нивните производи.


Во Европа, протестите на фармерите траат веќе неколку години - првиот се случи во 2019 година во Холандија во позадина на построги зелени регулативи. Во 2023 година протестите веќе се проширија и во други земји, а до крајот на годината опфатија 12 земји.

Покрај „зелената“ агенда, земјоделците протестираат поради ниските цени на нивните производи поради увозот на украински стоки, скапите ѓубрива и горивото и недоволното буџетско финансирање.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести