Европската унија го подготвува планот за итни случаи за енергетската криза
Претседателката на Комисијата на Европската унија (ЕУ), Урсула фон дер Лајен, најави дека работи на план за енергетската криза што ќе биде објавен во средината на јули.
Шефот на Комисијата на ЕУ денеска одржа заедничка прес-конференција во Чешка со чешкиот премиер Петр Фиала.
„Цените на енергијата се високи. Луѓето, со право, очекуваат од нас да направиме нешто во врска со тоа“, рече фон дер Лајен.
Таа додаде дека се работи на префрлување од досегашните инпорти на руска нафта и гас на други доверливи добавувачи, намалување на побарувачката преку зачувување и ефикасност на енергијата и префрлање на обновлива енергија.
Понатаму, таа нагласи дека Комисијата на ЕУ подготвува итен план за справување со можниот недостиг на гас доколку Русија одлучи да ги прекине своите испораки.
„Потребен ни е добар, заеднички план за енергијата и гасот да тече таму каде што е најпотребно“, додаде фон дер Лајен.
