Европската нафта „Брент“ поскапа за 4,5 проценти
Нафтата од Северното море „Брент“ забележа најголем дневен раст во периодот од 2012 година откако на вчерашното тргување забележа скок од 4,5 отсто и се продаваше по цена од 48,69 долари за барел.
Сепак експертите велат дека зголемувањето на цената на овој енергенс се должи најмногу поради истекот на рокот за трговија и дека тоа се технички но не и реални причини.
На денешната седница, европската нафта забележа пад откако беа избришани 1,1 процент од вчерашното поскапување и енергенсот се продава по цена од 48,15 долари за барел.
Нафтата од типот „Брент“ својот минимум од март 2009 година го достигна во вторникот кога се продаваше за цена од 45,19 долари за барел.
Според податоците на Американското биро за енергетски акциите во земјата се зголемиле за 5,4 милиони до 382,4 милиони барели, а резервите на бензин во САД се зголемиле со 3,2 милиони барели.
Слично
