ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗАГРИЖЕНА: Економијата на Македонија притисната од растечкиот јавен долг!
Неизвесноста од политичката криза го забави економскиот раст, а загрижува висината и одржливоста на долгот на државата, ова го нотираше Европската Комисија во најновата есенска прогноза. Брисел посочува дека домашните и надворешните случувања се причината за забавување на растот на бруто-домашниот производ.
-Домашните и надворешните несигурности имаат негативно влијание врз инвестициската активност, што доведе до забавување на растот на БДП во првата половина од годината. На задната страна на силна недоволен раст на извозот, странските рамнотежа позитивно придонесе за пораст на производството
Влошувањето на домашната политичка клима во првата половина од годината, и несигурната ситуација во Грција оставија свој белег врз довербата на инвеститорите во првата половина од годината. По растот на БДП впо првиот квартал од 3,2 отсто, истиот забави во вториот квартал и изнесуваше 2,6 отсто поради падот на бруто инвестициите за 7,6 отсто. Севкупно, економијата е проектирано да расте но со поумерено темпо од очекуваното, се посочува во извештајот.
Европската комисија посочува дека индустриското производство годинава разочарува, со оглед на слабите резултати во областа на производството што е над три четвртини од индустриската структура. Се прогнозира дека домашната побарувачка ќе биде единствен двигател на растот.Се очекува пораст на извозот како резултат на новите капацитети на странските инвеститори. Комисијата посочува дека со обновување на поттикот на градежната индустрија во текот на летото, што претставува зголемување во годишниот раст на увезените стоки за инвестиции, како и покачувањето на капитални расходи на Владата, инвестициската потрошувачка се очекува да остане стабилна во просек за целата 2015 година, како и догодина.
Во делот на стапката на невработенст, според прогнозите на ЕК годинава таа ќе изнесува 27 %, догодина 25,7 % а во 2017 –та година се очекува да се намали на 24,5 отсто.
-Новите вработувања се поддржани од неодамнешното зголемување на субвенционираните програми во јавниот сектор, нотира Европската комисија.
Се продлабочува дефицитот, долгот и натаму расте
Брисел укажува дека иако Владата останува посветена на постигнување на буџетски дефицит под три отсто, сепак среднорочната фискална стартегија на македонската Влада според ЕК се премногу оптимистичка
-Со ребалансот на буџетот за 2015 година се предвидува значително зголемување на трошоците за јавна потрошувачка. Предлог-буџетот за 2016 година, во изборна година, кој предвидува зголемување на вкупните расходи за речиси 5%, во номинални услови, предвидува дополнителни зголемувања на пензиите, социјалните трансфери и платите во јавниот сектор.
Во двете години, најверојатно, општиот владин дефицит да расте повисоки отколку што се очекуваше претходно. Згора на тоа, ефикасноста на наплата на јавните приходи останува на ниско ниво, пресвртот во приходите во првата половина на 2015 година се должи на годишнио пораст на приходите од данокот на добивка и е резултат на неодамнешното отстранување на исклучоците за реинвестирана добивка. Оттука, на краток до среден рок, фискалниот стимул од зголемената тековните расходи и од робусни капитал трошење најверојатно ќе продолжи, но сепак го прави тешко за владата да се придржува кон консолидација патека, наведува Европската комисијa
Како расте дефицитот се зголемува и долгот на државата. Според прогнозите на ЕК општиот државне долг ќе достигне над 40 отсто од БДП. Во прогнозата се наведува дека општиот државен долг годинава ќе изнесува 39,7 отсто, догодина 41,4 отсто а во 2017 –та година ќе достигне 43 отсто од БДП. Нивото на јавниот долг според ЕК ќе надмине 50 отсто од БДП.
-Дефицитите го водат општото ниво на државниот долг, кој се предвидува да се зголеми над 40 проценти од БДП во блиска иднина, односно веќе од следната година. Севкупно, нивото на јавниот долг, кој ги вклучува владиниот гарантиран долг на претпријатијата во државна сопственост, дури и може да надмине 50% од БДП, посочува ЕК.
Висината на долгот ќе ја проблематизира економијата
А токму зголемувањето на јавниот долг според домашната експертска јавност претставува клучен проблем за развојот на економијата. Според дел од економистите ако продолжи трендот на зголемување на долгот, државата ќе се соочи со проблем во редовното враќање на долговите.
-Зголемувањето односно дуплирањето на долгот во состојба кога ниту од блиску не дуплира економскиот раст нормално дека е лош индикатор, што покажува дека јавните финансии се влошуваат од ден во ден. Ефектите од тоа не се гледаат ниту во една димензија, тоа е затоа што парите се трошат за тековна потрошувачка,за зголемувањ ена пензии, плати, набавка на стоки и услуги, и тоа во ситуација кога институциите односно јавниот сектор е во катастрофална состојба. Дали Македонија има потенцијал за враќање на овие долгови зависи од тоа како понатаму ќе се развива состојбата и во економијата и општо.Но ако продолжиме со вакво темпо секако дека ќе бидеме во лоша состојба и нема да можеме редовно да ги враќаме долговите, вели академик Абдулменаф Беџети.
Според дел од економистите Македонија сеуште се наоѓа во зоната на умерено задолжени држави, но сепак укажуваат дека загрижува брзаната на задолжувањето која не е во корелацијата брзинта на растот на економијата.
-Со податоците кои се објавија последниве денови се покажува дека долгот на Македонија расте, но тој не е прекумерен сепак сме во зоната на умерено задолжени. Но мислам дека брзината на задолжување е спорна, односно трендот на пораст на бруто-домашниот производ не кореспондира со брзината на долгот и тоа е проблем кој што ќе се одрази во иднина бидејќи ќе се слулат ликвидносни проблеми.Ако долгот се генерира на овој начин и не дава резултати кои ќе предизикаат зголемување на растот, долгот ќе биде залудно земен, вели универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров.
Според последните податоци од Министерството за финансии, во третиот квартал од годинава јавниот долг надмина 3,9 милјарди евра или 43,9 отсто од БДП.Во споредба со вториот квартал јавниот долг е зголемен за 18 милиони евра. Од вкупниот долг, 2 654 000 000 се надворешен и кај него, во споредба со вториот квартал, има зголемување за 36 милиони евра.Намалување на кваратлно ниво е забележано кај внатрешното задолжување, кое на крајот од спетември изнесува 1,2 милјарди евра, при што во споредба со вториот квартал има намалување од 19 милиони евра.Внатрешниот долг за период од пет години е зголемен за 754 милиони евра, а Владата најави дека годинава, но и догодина ќе се потрпира на задолжвања од домашните кредитори. Од вкупниот долг, 67 отсто изнесува долгот кон странство, а останатите 33 отсто се внатрешен долг.На висината на јавниот долг предупреди и Светска банка, која исто така во последниот извештај посочи дека тој и во следниот период ќе има растечко темпо. И покрај предупредувањата, задолжувањата на државата продолжуваат. До крајот на годинава Владата ќе ја издаде новата еврообврзница тешка половина милјарда евра, со рок на отплата од 10 години.
Ќе се издаде преку претстваништво на Дојче банка во Лондон, а ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската бeрза за хартии од вредност.Според образложението во Одлуката, еврообврзницата се издава за буџетска поддршка во 2015 и 2016 година и за рефинансирање на обврските што достасуваат за отплата на државниот долг на Македонија.Ова е четврти пат Македонија да се задолжува со еврообврзница на меѓународниот пазар, а трет пат на оваа владејачка гарнитура. Според економистите во принцип задолжувањето со еврообврзница долгорочно е добар потег, фактот што намената е за краткорочни буџетски потреби за оваа и следната година, ќе направи поместување и промена во структурата на долговите.
Т.С
Слично
