Европската комисија вели: Има напредок, ама уште многу работа до фер избори!
Има уште многу работа до фер и кредибилни избори, соопшти портпаролката на евомоесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанциќ.
Таа во име на Европската комисија ги повика полтичките партии да му се посветат на Договорот од Пржино и да ги исполнат обврските.
Коцијанциќ истакнува дека состојбите во земјава се слдат будно.
Во оснос на изборите, вели дека е забележан напредок, но сепак треба уште многу работа за да се осигура дека изборите ќе бидат кредибилни и согласно стандардите
„Клучно е дека тоа да продолжи, а ние како ЕУ ќе продолжиме да се ангажираме со партнерите на терен, вклучително и со меѓународните партнери, потенцира Маја Коцијанциќ.
Таа искажа верба дека партиите ќе бидат посветени на целта договорена во поглед на изборниот процес и ќе работата во интерес на граѓаните и земјата.
Слично
