Европската комисија со пофалби за реформите во Грција
Четвртиот Грција квартален извештај на Работна група за Грција при Европската комисија нотира дека земјата има значителен напредок во спроведувањето на неопходните реформи и делумен во престуктуирањето на државната администрација, изградбата на автопатишта и во создавање услови за увозни олеснувања.
Извештајот на Групата има за цел да и пружа техничка помош на Грција при спроведувањето на реформите и преструктуирањето на економијата.
„Грција направи голема работа во многу тешки услови и сега е многу важно да успее да го задржи темпото во спроведувањето на реформите, изјави еврокомесарот за економска и монетрана политика Оли Рен при денешното претставување на извештајот во Брисел“, стои во Извештајот.
Слично
